Пред да речете „бљак“ дајте му шанса на овој здрав десерт што брзо се подготвува.
Што ви е потребно?
- 200 грама жолти тиквички
- 50 грама индиски ореви
- 1 супена лажица лимонов сок
- Една банана
- 1 супена лажица сируп од агава
- 2 супени лажици мелен рогач
- по желба додадете парчиња чоколадо или чоколадни трошки
Ставете ги сите состојки во блендер и откако ќе добиете кремаста текстура префрлете ја смесата во сад со капак и оставете го сладоледот да се замрзне околу 45 минути.
Освен што е превкусен, овој сладолед е и многу хранлив и одличен е за косата, кожата и ноктите.