Слатка одмазда: Лајк од Манџукиќ за отказот на Сари

Отказот на Маурицио Сари од Јувентус израдува многу навивачи, но и поранешни играчи на „Старата дама“.

Меѓу нив е и Хрватот Марио Манџукиќ, забележаа италијанските медиуми.

На официјалниот профил на италијанскиот првак на Instagram беше објавена веста дека 61-годишниот Сари е сменет од функцијата и веднаш беше дочекана со лајк од Манџукиќ, Емре Џан и од Доуглас Коста.

URL

Коста тоа го направи како актуелен играч на Јуве, додека Манџукиќ и Џан беа на многу грд начин набркани од клубот минатата сезона, кога Сари стапи на сцена.

Со одлука на Сари и на директорите Фабио Паратичи и Павел Недвед, Јувентус прво не ги регистрираше Хрватот и Германецот за Лигата на шампионите, а потоа шест месеци ги држеше на клупа и без значителната минутажа на која беа навикнати претходната сезона под водство на Масимилијано Алегри.

Откако дојде Сари, Манџукиќ ја изгуби позицијата во полза на Гонсало Игуаин и во декември 2019 година беше пуштен бесплатно во катарски Ал-Духаил. Тогаш Манџукиќ емотивно се збогува од клубот каде помина четири и пол години.

Наводно, меѓу Манџукиќ и Јувентус толку многу се заладиле односите, што последните месеци тој не ни живеел во Торино и не се појавил на божикната забава за заокружување на полусезоната.

Џан отворено зборуваше за грдиот начин на кој Јуве раскина со него и се жалеше на Сари, па на крај замина во Борусија од Дортмунд.

Јувентус на позицијата тренер го назначи поранешниот херој на „Старата дама“, Андреа Пирло.

реклама

Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Read more

Еротски колаж

Read more

AstraZeneca нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни последици

Read more

Искрени илустрации во кои ќе се препознае секоја девојка

Read more

Фудбал

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Read more

На која позиција ќе игра Бејл под Мурињо?

Read more

Шкендија-Тотенхем низ фотографии

Read more

Флик славеше, Лопетеги оптимистичен и во поразот

Read more

Спорт

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Читај повеќе
  • play_arrow

„Кралот“ и Лејкерс сигурно чекорат кон финалето на НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

На која позиција ќе игра Бејл под Мурињо?

Читај повеќе
  • filter

Шкендија-Тотенхем низ фотографии

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик славеше, Лопетеги оптимистичен и во поразот

Читај повеќе

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Читај повеќе
  • play_arrow

Упорната Шкендија му даде гол на Тотенхем, но сепак се збогува од Лига Европа

Читај повеќе

Лазаров и Манасков забележаа победи со своите екипи во ракометната Лига на шампиони

Читај повеќе

Ибра: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја

Читај повеќе