Слави Трифонов до Николоски: Вие постоите затоа што Бугарија постои 1.300 години, не сме ние мизерни, ти си

Лидерот на политичката партија Има таков народ, Слави Трифонов, скандалозно реагира на изјавата на вицепремиерот Александар Николоски, кој претходно ја нарече Бугарија нецивилизиран домаќин.

Трифонов во коментарот на социјалните мрежи напиша дека можел да биде многу груб, но љубезно ќе одговори, а потоа продолжи: „Вие постоите затоа што 1.300 години постои Бугарија. Зборувате затоа што бугарскиот јазик постои 1.162 години. И некој како тебе може да биде вицепремиер, затоа што луѓето како мене, наместо да го прават она што го чувствуваат и сакаат – се воспитани, релативно кротки и ги почитуваат правилата и законите на ЕУ. Ние не сме мизерни – ти си. А Бугарите во Северна Македонија не се слуги, туку вие сте слуга – претпоставувам на Србите. Единствениот правилен курс во оваа ситуација е што побргу да биде отповикан амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија“.

Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Силјановска-Давкова и Радев, рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги. На изјавата реагираа бугарското МНР, кабинетот на претседателот Радев и голем број политичари од Софија. Бугарија официјално соопшти дека зборовите на Николоски ги оценува како провокација и ги информирала партнерските држави.

Новите вербални конфликти помеѓу двете држави почнаа со посетата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Софија, чија цел беше голем културен настан. Силјановска за време на посетата оставари неформална средба со Радев кога се појави фотографијата на која двајцата се ракуваат, а зад неа е бугарското знаме. По реакциите дома и коментарите на опозицискиот СДСМ, кој го опиша настанот како дипломатски дебакл, од кабинетот на Давкова истакнаа: „Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата според кој не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарската страна“.

Бугарија потоа објасни дека македонското знаме не било истакнато бидејќи се работело за неформална средба.

„Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, треба ли да го истакнеме неговото знаме“, рече советникот на Радев, став кон кој се придржуваше официјално и политичкиот врв во Софија.

Тензиите дополнително ги подгреа потегот на бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков, кој одби да ја прифати протестната нота.

реклама

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Read more

Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

Read more

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Read more

Регион

Протече изјава на братот на осомничениот за убиството на Данка

Read more

Адвокатите по сведочењето на Коста К.: Едно од најстресните рочишта во кариерата

Read more

Сведочeше Коста К.: Се чувствував отфрлено, затоа ги убив

Read more

Тирана врие: Демонстрантите фрлаа молотови коктели, полицијата солзавец

Read more
 

Вести

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

Читај повеќе

Американско оружје вредно милијарди долари оди во Саудиска Арабија и Емиратите

Читај повеќе
  • play_arrow

Дрога и оружје најдени за време на претрес во Липково, приведени две лица

Читај повеќе

Нобеловата награда за мир ја добија Јапонците кои ги преживеаја атомските бомби

Читај повеќе

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги за граѓани кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Читај повеќе

Протече изјава на братот на осомничениот за убиството на Данка

Читај повеќе

Американски војник осуден на 14 години за обид да ѝ помогне на Исламска држава

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега Владата враќа нивни долгови

Читај повеќе

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Читај повеќе