Славни личности кои јавно и гордо се изјасниле како бисексуалци

Долгите врски во шоубизнисот се вистинска реткост. Славните личности најчесто се во врска со други ѕвезди кои најдобро можат да ги сфатат притисокот и обврските што ги носи славата.

Со кого се во врска славните е нешто што отсекогаш ја интересирало пошироката јавност, а и нивната сексуална ориентација исто така.

Низа славни личности одамна јавно проговориле за тоа дека се хомосексуалци или бисексуалци, помагајќи на тој начин да се срушат табуата околу сексуалната ориентација.

Ѕвездата на серијалот филмови „Twilight“ Кристен Стјуарт во интервју кажа дека многу нешта во животот ѝ се смениле кога почнала врска со жена.

„Кога излегував со мажи сокривав голем дел од себе си, бидејќи сѐ што беше лично се сметаше за тривијално, што мене не ми се допаѓа. Тоа се смени кога почнав да излегувам со жена. Таа врска ми го смени погледот на животот и ме направи среќна“, изјави Стјуарт која беше во врска со партнерот од филмот Роберт Патинсон.

Дру Баримор отворено зборуваше дека го сака женското тело во интервју за Connect уште во 2003 година.

„Отсекогаш сум се сметала за бисексуалка. Го сакам женското тело. Сметам дека две жени заедно се подеднакво убави како и маж и жена заедно. Да се биде со жена е како да го откривате сопственото тело, само преку некој друг“, рече тогаш актерката.

Меган Фокс исто така јавно и гордо се изјасни дека ја привлекуваат подеднакво и мажи и жени.

„Сметам дека луѓето се родени бисексуални и потоа во текот на животот прават избори во согласност со притисоците на општеството. Немам никаков сомнеж дека сум бисексуалка“, рече Фокс, една од најубавите жени на светот, во интервју за Esquire.

Пејачката Рита Ора се најде на мета на критики откако зборуваше за бисексуалноста во нејзиниот сингл „Girls“.

„Песната ја претставува мојата вистина и е прецизен приказ за многу вистинско и искрено искуство во мојот живот. Во текот на животот сум имала романтични односи со жени и со мажи и тоа е мојот личен пат“, искрено напиша Ора на Twitter како одговор на критиките.

Музичарот Џејсон Мраз е еден од ретките мажи во шоубизнисот кој јавно проговорил дека е бисексуалец, а во таа низа се набројуваат и Енди дик и Нико Торторела.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе