Славни родители кои имаат милијарди, а нема да им ги остават на децата

Вообичаено е децата на богатите и славни личности да уживаат во животот, трошејќи го наследството, но постојат и исклучоци.

Мила Кунис, Даниел Крег, Џеки Чен и Марк Закерберг се дел од познатите кои имаат милијарди, но од различни причини нема да им ги остават на децата.

Мила Кунис и Ештон Кучер

„Не создаваме наследство за нив, парите по нашата смрт ќе одат во хуманитарни цели или други намени. Уште немаме одлучено“, откри парот во една прилика.

Иако тврдат дека децата нема да ги остават на цедило, сепак и за тие пари ќе мора дополнително да се потрудат.

„Ако посакаат децата да почнат свој бизнис или имаат добар бизнис план, ќе вложам во него. Но, парите нема така лесно да ги добијат“, објасни Кучер и додаде дека децата така ќе останат мотивирани и самите да создаваат и работат.

Даниел Крег

„Мојата филозофија е дека треба да се ослободам од се што имам. Не сакам на идните генерации да им оставам во наследство многу пари. Сметам дека наследството е проклетство, никогаш нема да им го оставам на децата“, изјави Крег во една прилика.

Актерот има две ќерки.

Џеки Чен

Актерот Џеки Чен досега повеќе пати има изјавено дека парите планира да ги донира, нема да ги остави на синот. Има и објаснување за тоа.

„Ако е доволно способен, може без проблеми сам да си заработи пари. Ако не е, тогаш само ќе ги троши моите, а јас тоа не го сакам“.

Марк Закерберг

 

Основачот на Facebook и неговата сопруга Присила Чен тврдат дека нивното богатство вреди 82,6 милијарди долари. Имаат намера 99% од него да го донираат во хуманитарни цели.

„Сакаме нашите ќерки да пораснат во подобар свет од нашиот. Ние ќе го направиме нашиот дел за да го овозможиме тоа, не само затоа што ги сакаме туку и затоа што имаме морална одговорност кон идните генерации“, велат тие.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Питагоровата теорема пронајдена на глинена плоча 1.000 години постара од Питагора

Read more

Скандинавскиот начин на спиење спасува бракови и врски: Нема повеќе кавги в кревет

Read more

Голем љубовен хороскоп за октомври 2023

Read more

Живот

Грижата за домот го продолжува животот

Read more

Скандинавскиот начин на спиење спасува бракови и врски: Нема повеќе кавги в кревет

Read more

Што се случува во мозокот на тинејџерите кога родителите ги критикуваат?

Read more

Вечна дилема: Неколку разлики меѓу јогурт и кефир

Read more
 

Магазин

Пита од тиква - омилен американски десерт идеален за есенските денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите ѝ се смеат на Парис Хилтон за одењето по модната писта

Читај повеќе

7 намирници штетни за срцето и една здрава

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот бургер сос по рецепт на Џејми Оливер

Читај повеќе

Грижата за домот го продолжува животот

Читај повеќе

Суперхрана што помага против висок холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто авиони и дронови не може да летаат над Дизниленд?

Читај повеќе

Храбро, разиграно, во боја: dm ја бои оваа есен во шарени бои

Читај повеќе

Кои витамини и минерали им требаат на жените по 40-тата година?

Читај повеќе