Славниот научник тврди: Бог не постои, ниту пак живот по смртта

По смртта на познатиот физичар Стивен Хокинг е претставена книгата „Brief Answers to the Big Questions“ во која ги дава одговорите на десетте најчести прашања што луѓето му ги поставувале, пренесува Independent.

Во универзумот на Хокинг нема место за Господ, бидејќи славниот космолог верувал дека светот што го познаваме е создаден од ништо.

„Нема Господ ни живот по смртта. Сигурно не постои ниту рај. Мислам дека универзумот е спонтано креиран од ништо според законите на науката“, вели Хокинг.

Во пораката наведува дека образованието и науката се во поголема опасност од претходно и дека експертите не се почитувани. Смета дека пред науката се наоѓаат огромни предизвици, како климатските промени, пренаселеноста, уништувањето на шумите, исчезнувањето на одредени видови и слично.

Кои се најчестите прашања што му ги поставувале:

1. Дали Бог постои? – „Не, никој не управува со нашиот универзум“.

2. Како сè започна? – „Со Големата експлозија“

3. Што има во црната дупка? – „Паѓањето во црна дупка дефинитивно е лоша вест. Ако тоа би било ѕвездена дупка би станале шпагети пред да дојдеме до хоризонтот“.

4. Можеме ли да ја предвидиме иднината? – „И да и не. Всушност, законите ни овозможуваат да ја видиме иднината, но во реалност тоа е премногу тешко“.

5. Дали е возможно патувањето низ времето?  - „Според нашите сегашни сознанија патувањето во минатото не може да се исклучи“.

6. Ќе преживееме ли на Земјата? – „Сегашниот светски поредок има иднина, но ќе биде многу поинаква“.

7. Дали постои интелигентен живот во вселената? –„Постојат облици на интелигентен живот, но мораме да бидеме внимателни во одговорот додека сè уште не се развиеме“.

8. Дали треба да ја колонизираме вселената? - „Очекувам дека во следните 100 години ќе можеме да патуваме било каде во Сончевиот систем“.

9. Дали ќе нè надмудри вештачката интелигенција? – „Вештачката интелигенција ќе биде добра во постигнување цели, но ако тие цели не се совпаѓаат со нашите, ќе имаме проблем“.

10. Како да ја обликуваме иднината? - „Запомнете да гледате горе во ѕвездите, а не доле во вашите нозе“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе