Славниот пејач во проблеми: Лијам Галагер физички ја нападна својата девојка

После фотографиите кои ги објави еден британски таблоид, на интернет се појави и снимка, која покажува како контроверзниот музичар Лијам Галагер физички ја напаѓа својата девојка.

Поранешниот фронтмен на групата „Oasis“, популарниот пејач Лијам Галагер, се наоѓа во средиште на скандал, откако магазинот „The Sun“, објави вест поврзана со конфликт со неговата девојка Деби Гвитер, кој се случи во еден ноќен клуб во Лондон.

После првичната вест за инцидентот која се прошири на интернет, се појавија и слики, но и видео снимка, која дефинитивно потврдува дека пејачот физички ја нападна својата девојка.

Во краткото видео можеме да видиме како Лијам и Деби се расправаат, а потоа пејачот ја фаќа својата девојка за врат и почнува да ја дави.

За среќа тој ја пушта само после неколку секунди, а Деби спасот го пронаоѓа во една од кабините, каде што влезе, а набргу се појавува и келнер кој се обидува да ја смири видно вознемирената жена.

Чуварот, кој имаше прилика да го види целиот настан, за „The Sun“ изјави дека „нападнатата жена доживеала огромен стрес и дека се тресела од страв, додека нејзиниот партнер ја нарекол вештерка“.

После медиумскиот напад, во кој многу луѓе го осудуваат насилството, се огласи и самиот Лијам, кој покрај сите фотографии и снимки, демантираше дека ја нападнал својата девојка.

Истото го направи и самата  Деби, а многумина ги зачуди нејзиниот потег, бидејќи сметаат дека токму таа треба да го остави пејачот и да зборува за насилството, бидејќи на тој начин може да им помогне на сите жени кои минуваат преку иста или слична ситуација.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе