Долго очекуваното претставување на календарот на Pirelli за 2020 година наречен „Во потрага по Јулија“ е одржано во Верона, каде Шекспир го сместил дејството на една од најпознатите трагедии, „Ромео и Јулија“.
Фотографот Паоло Роверси фотографираше девет светски познати дами, од нив шест се актерки, две пејачки и една уметница. Станува збор за Клер Фој, Миа Гот, Ема Вотсон, Индија Мур, Јара Шахиди, Кристен Стујарт, Крис Ли, Росалија и Стела Роверси.
На фотографиите за календарот на Pirelli тие ја претставуваат трагичната хероина на Шекспир, во модерни и нови верзии.
Секоја од избраничките на Паоло ја интерпретира Јулија низ личните емоции, уметнички форми и разбирање.
„Јас сè уште ја барам мојата Јулија и ќе ја барам цел живот, бидејќи Јулија е сон“, вели Роверси.