Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од Pfizer

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу најави дека според договорот со Pfizer, повеќе од 40 илјади дози од антиковид вакцината ќе пристигнат во Албанија во текот на следниот месец.

Таа додаде дека остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе почнат да пристигнуваат на почетокот на јули, а планот за испорака треба да заврши во последното тромесечје од годинава,

Според министерката, следниот временски период ќе биде покриен со вакцини обезбедени од механизмот КОВАКС и со преговори со други компании што ги води албанската Влада.

– Добра вест. Со авансно плаќање од 3,9 милиони долари, Албанија е во првиот прозорец за обезбедување на антиковид вакцини преку механизмот КОВАКС, напиша Манастирлиу на статус на Facebook.

Во меѓувреме, во земјата продолжува трендот на раст на новозаразени со COVID-19, кој во Албанија е присутен по новогодишните и божикните празници. Вчера беа регистрирани нови 786 случаи, што е над 22 отсто од тестираните, починаа 7 лица, а оздравеа 489 лица.

Поради тоа и понатаму во сила е одлуката за полициски час кој треба е од 22:00 до 6:00, забраната за летови со Обединетото Кралство и продолжување на онлајн настава на универзитетите и покрај доставената петиција на студентите со која бараат настава со физичко присуство.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Регион

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа - на Балканот

Read more

Вучиќ: Цел свет скока да ја брани Украина, а кога ќе ѝ украдат дел на Србија – тогаш ништо

Read more

Данска и Холандија ставија рампа на почетокот на преговори на Босна и Херцеговина со ЕУ

Read more

Што значи новиот План за раст за Западен Балкан?

Read more
 

Вести

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Читај повеќе

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Читај повеќе

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

Читај повеќе

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа - на Балканот

Читај повеќе

Неочекуван пад на залихите на нафта, цените скокнаа за 4%

Читај повеќе