Следните неколку дена ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази уверување дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат двете количини вакцини против COVID-19 и кинеските и руските.

– Не би сакал сега да шпекулирам, сакам да бидам прецизен тогаш кога точно ќе знаеме кога ќе пристигнат. Еве се пролонгираше малку периодот. Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании. Од Pfizer за којшто го очекуваме драфт договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после потпишувањето на договорот и секако со кинеската, изјави министерот Филипче, кој денеска беше во посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот КОВИД-центар.

Прашан дали овој одговор се однесува за кинеските или за руските вакцини, Филипче одговори дека сега зборува за двете количини на вакцини.

– Сакам да потенцирам уште една работа, правевме анализа и да упатам и да ја искористам приликата да упатам апел од регионот, од Гостивар преку сајтот и преку матичните лекари се пријавени навистина малку граѓани во онаа прва категорија над 70 години околу 1.500, близу 6.000 граѓани. Прво апелирам матичните лекари од Гостивар и од регионот да ги пријавуваат граѓаните своите над 70 години со хронични болести со првата следна приоритетна следна група да се пријавуваат и да ги внесуваат податоците во системот мој термин заради што тие ќе бидат првите веднаш после лекарите и медицинските сестри од Гостивар. Огромен процент ми се чини практично сите лекари сестри коишто работат со ковид-пациенти се веќе вакцинирани, рече министерот за здравство.

На новинарско прашање што со оние граѓани што не сакаат да се вакцинираат, Филипче потенцира дека со интензивна комуникација преку матичните лекари, преку кампањата којашто следи треба да се подигне свеста.

– Тоа е единствениот начин со која што ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Во овој момент ситуаицијата во Гостивар е навистина стабилна, по десетина хоспитализирани  пациенти. Меѓутоа, тоа не е знак дека граѓаните сега треба да се опуптат и да не се носат маските или да не се држи дистанца заради тоа што гледаме какви зголемувања на бројките, еве во некои други градови, Кавадарци, Прилеп и Охрид  сега се навистина со зголемен број дијагностицирани, но и хоспитализирани пациенти. Така да се надевам дека граѓаните ќе се придржуваат до мерките псоебно сега кога има зголемен број дијагностицирани пациенти со британската варијанта на вирусот којашто многу полесно се пренсува заради тоа што тоа се мерките до коишто и понатаму ќе мора сите да се придржуваме, изјави Филипче.

Тој најави дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има.

– Нема таква индиција заради тоа што порастот не е таков како што беше почетокот на ноември. Има благ пораст што не е ризик за болничките капацитети, но секако е причина да бидат граѓаните апсолутно многу внимателни, истакна министерот Филипче. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе