Сликата на Жан-Мишел Баскијат од 1982 година достигна рекордна вредност од 110,5 милиони долари на аукција на американската аукциска куќа Sotheby’s во Њујорк.
Сликата „Untitled“ од 1982 година синоќа ја купи 41 годишниот јапонски бизнисмен Јусаку Маезава, кој и претходно даде рекордна цена за Баскијат.
Маезава планира експлозивната слика на лице, масло, акрил и спреј на платно, да ги изложи во родниот град Чиба.
Неоекспресионистот Баскијат беше еден од најугледните американски уметници во 80. години на минатиот век и беше познат по графитите, впечатливите бои и социјалната порака.
Баскијат почина од прекумерна доза на хероин во 1988 година.