Сликарка ја претвори куќата во уметничко дело за време на карантин
Сите на свој начин се справуваме со пандемијата и карантинот.
Француската уметница Натали Лете ги преточи овие тешки времиња низ нејзиниот талент во прекрасни мурали со кои ја наслика целата куќа.
Ѕидовите, вратите, плочките, скалите, мебелот – сѐ претвори во едно големо уметничко дело.