Ливерпул доживеа елиминација од ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите на пенали на „Енфилд“ пред своите гледачи.

Во првиот меч парижаните целосно ги надиграа „Црвените“, но на крајот загубија од вториот удар на гостите кон голот на Џиџи Донарума. Овој пат среќата се сврте во корист на тимот од француската престолнина и може да се каже дека ПСЖ заслужено помина.
По натпреварот, Арне Слот го истакна фактот дека ова бил неверојатен дуел.
„Ова беше најдобриот фудбалски натпревар на кој сум бил. Ова беше неверојатен настап, особено кога ќе се спореди со претходната недела. Создававме шанси и кога губевме. Немавме среќа по минатата недела“, рече Слот.
Холандскиот стручњак даде интересна опсервација и на овој дуел:
„Се чинеше дека заслуживме повеќе отколку да имаме гол негатива. Одигравме совршен натпревар, освен што не постигнавме гол. Слично беше и со ПСЖ минатата недела, кога одиграа совршен натпревар. А, потоа во продолженијата беа можеби малку подобри“.
Откако двата дуела завршија со по 1:0 за двата тима, пеналите го решаваа победникот, а таму победија Французите со 4:1 откако за „Црвените“ промашија Дарвин Нуњес и Куртис Џонс, односно Донарума им одбрани на двајцата.
Во четвртфиналето ПСЖ ќе игра против победникот од пресметката меѓу Астон Вила и Клуб Бриж, која се игра вечерва од 21 часот.