Словачка ги засили граничните мерки, короната не стивнува

Словачка денеска ги засили контролите на своите граници поради опасноста од ширење на новите соеви на коронавирус во Европа, додека земјата се бори со една од највисоките стапки на смртност од COVID-19 во светот.

Министерството за здравство утврди дека секое лице кое ја преминува границата со Словачка мора веднаш да биде ставено во 14-дневна изолација. Наредено е и затворање на помалите гранични премини.

„Новиот граничен режим има за цел да спречи ширење на новите мутации на коронавирусот“, рече министерот за здравство Марек Крајчи.

Словачка во понеделникот објави затворање на некои гранични премини со Полска.

Братислава соопшти дека прекуграничните работници ќе бидат изземени од новиот режим, но сепак ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Словачка има 23 смртни од COVID-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, што е втора највисока стапка во светот по Португалија, објави France Presse.

Од почетокот на пандемијата, Словачка има 111 смртни случаи на 100.000 жители, со што е 16-та во светот и 10-та во Европа.

Словачка е земја-членка на ЕУ со 5,4 милиони жители, се граничи со Австрија, Чешка, Унгарија, Полска и Украина.

Германија неодамна забрани влез на патници од Чешка и австриски Тирол поради зголемувањето на бројот на инфекции со новите варијанти на коронавирус.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе