
Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска соопшти дека неговата Влада го одобрила планот на Украина да и испрати борбени авиони MiG-29.
Хегер истакна дека Владата едногласно одлучила да му испрати на Киев авиони од советската ера кои веќе не ги користи.
Со оваа одлука Словачка стана втората земја - членка на НАТО која одговори на упорните барања на Киев за испраќање воени авиони.