Словачка се извини за неколкудецениската присилна стерилизација на Ромките

Владата на Словачка официјално се извини за неколкудецениската присилна стерилизација на жените Ромки во земјата.

Владејачката словачка коалиција издаде соопштение во кое ги осудува прекршувањата на човековите права што се случувале со децении и им се извини на сите засегнати, објави официјалната новинска агенција TASR.

Бројот на стерилизации може само да се претпоставува, но најмалку неколку илјади жени ја поминале процедурата, објави претставничката на Ромите во словачката влада на својата официјална веб-страница.

Според владата, присилните стерилизации се случиле помеѓу 1966 и 1989 година со цел да се ограничи бројот на деца родени во ромското малцинство.

Но, според владата, дури и по падот на комунизмот, помеѓу 1990 и 2004 година, Ромките биле незаконски принудувани во клиниките да се согласат на стерилизација откако ќе имаат деца.

Организациите за човекови права и Советот на Европа со години ја повикуваат Словачка да ги препознае систематските прекршувања на човековите права на Ромите и да ги обесштети жртвите.

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, го поздрави извинувањето на словачките власти како важен прв чекор. Но, додаде таа, треба што поскоро да се воспостави механизам за компензација.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе