Словенечка верзија на слоевита штрудла со ореви

Повитица или потица е името на словенечката верзија на штрудла која традиционално се прави со ореви, но можете да најдете различни рецепти со други видови фил.

Пред послужување задолжително посипете ја штрудлата со шеќер во прав.

Потребни состојки:

за тестото:

  • 450 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 1 кесичка сув квасец
  • половина лажичка сол
  • 150 мл топло млеко
  • 70 гр путер (на собна температура)

за полнењето:

  • 300 гр мелени ореви
  • 1 жолчка
  • 2 белки
  • 50 гр мед
  • 1 лажица какао
  • 5 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 70 мл млеко
  • 50 гр путер (на собна температура)
  • 3 лажици млеко (за премачкување)
Подготовка:

Во топло млеко измешајте квасец и една лажичка шеќер и оставете малку да нарасне. За тоа време во поголем сад измешајте ги брашното, солта, остатокот од шеќерот и изматените јајце и жолчка. Кога смесата ќе нарасне, соединете ги состојките и замесете тесто.

Потоа додадете путер на собна температура и продолжете со месење додека не се соедини со остатокот од тестото. Тестото мора да биде целосно мазно и одвоено од тавата. После тоа, извадете го тестото, посипете го садот со малку брашно, вратете го тестото и покријте го со крпа. Така, тестото треба да се остави на топло место еден час за да нарасне.

Следува подготовка на полнетиот дел. Белките се матат со прстофат сол, а кога ќе се формира пена се додава шеќерот и се матат додека не се добие т.н. тврд снег.

За тоа време подгответе го филот: измешајте ги белките со прстофат сол. Кога ќе запени додадете шеќер и мешајте додека не добиете цврста пена. Соединете ги сите преостанати состојки и на крајот со лесни движења измешајте ги во снегот од белката.

Кога тестото ќе нарасне, кратко замесете го и виткајте го во тенок правоаголник. Дебелината на тестото треба да биде околу 2 милиметра. Тестото премачкајте го со тенок слој фил и расукајте го по должината.

Земете тавче за леб и премачкајте го со малку путер. Свиткајте го тестото во форма на буквата „С“, префрлете го во калапот да изгледа како да е составено од три дела. Оставете го тестото повторно да нарасне.

Кога тестото е готово вклучете ја рерната на 180 степени и оставете да се загрее. Намачкајте ја штрудлата со три лажици млеко и за почеток печете ја 15 минути. После тоа намалете ја температурата на 160 степени и печете уште 40 минути.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Рецепти

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Пролетна салата со макарони, варени јајца и ротквици

Read more

Свинско месо со брокула и карфиол во соја сос

Read more

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Read more
 

Магазин

Крварењето од носот може да биде знак за сериозна медицинска состојба

Читај повеќе

Едноставни начини да ја контролирате исхраната без да се изгладнувате

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Читај повеќе

Природен лек за многу болести: Зошто треба да консумираме бозел?

Читај повеќе

Едноставен трик за подобро варење: Јадете круша секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Читај повеќе
  • filter

Лорен Санчес со деколтето крадеше погледи во Кан: Блесна во тесен фустан

Читај повеќе

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе