Словенечката опозиција бара оставка од Владата по смртта на вакцинирана девојка

Словенечката опозиција денеска побара оставка од Владата поради одлуката за вакцината Johnson & Johnson, откако 20-годишна девојка почина неодамна по примањето на оваа вакцина.

Девојката почина две недели по имунизацијата од згрутчување на крвта, што е ретка појава од вакцината на Johnson & Johnson.

За разлика од другите земји на ЕУ кои ја повлекоа вакцината или ја препорачаа само за возрасни лица, таа летово се користеше без ограничувања во Словенија. Вакцината, која се дава во една доза, е особено популарна кај младите луѓе.

– Министерот Јанез Поклукар мора да преземе одговорност и да поднесе оставка бидејќи одлуката за оваа вакцина ја донесе без мислење од професијата, истакна пратеникот од редовите на социјалдемократите Дејан Жидан пред новинарите.

Повикувајќи се на владини документи, весникот „Дневник“ во петокот објави дека одлуката ја донеле соработници на министерот за здравство без да се консултираат со епидемиолози и инфектолози.

По смртта на девојката, употребата на Johnson & Johnson беше прекината и Владата одлучи дека во иднина сите луѓе ќе бидат вакцинирани со побезбедни вакцини на Pfizer/BioNTech и Moderna, освен оние кои ја сакаат Johnson & Johnson на сопствен ризик.

– Тоа беше уште еден во серијата потези на оваа Влада во кои се прекршени правилата на професијата и јавноста, нагласи Марјан Шарец, поранешен премиер и еден од лидерите на левичарската опозиција.

Поранешната премиерка Аленка Братушек смета дека се што е поврзано со контролата и управувањето со епидемијата е погрешно, „така што не само Поклукар, туку целата влада на Јанез Јанша треба да поднесе оставка“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе