Словенија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Љубљана, 12 февруари 2019 (МИА) – Државниот Збор на Република Словенија денеска на вонредна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија стана втората земја-членка на Алијансата, која по Грција, го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

На седницата пред гласањето се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој ја предводи делегацијата на македонскиот Парламент  во работна посета на Љубљана. Се заблагодари во име на Собранието и граѓаните на Македонија и нагласи дека со овој чин се потврди пријателскиот и принципиелен однос кон граѓаните на нашата земја.

Според Џафери, уште еднаш се покажа дека меѓу двете држави нема отворени прашања и проблеми. Ја истакна улогата на двата парламенти, кои во трите децении, рече, изградија интензивни билатерални односи на ниво на претседатели и на ниво на работни тела, комисии и администрацијата, а реализирани се и многубројни твининг проекти.

Во обраќањето се осврна на состојбите во Македонија, на усвоените уставни промени врз основа на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција, со што, како што рече, се надмина спорот околу уставното име и ја блокираше Македонија да стане полноправен член на НАТО и ЕУ.  Според Џафери, потпишаувањето на Преспанскиот договор и неговото усвојување на националните парламенти е т.н. вин-вин, сите сме победници и губитници. Изрази надеж дека до крајот на оваа година Протоколот ќе биде усвоен од Парламентите на сите 29 земји-членки на НАТО. Џафери очекува оваа година да добиеме и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Во обраќањето пред словенечките пратеници Џафери констатира дека билатералните односи меѓу двете земји се многу добри, во сите сфери, но заостануваат економските односи имајќи предвид, подвлече, можностите и интересот за соработка од двете стопанства.

Според најавите од Албанија, во четврток пристапниот Протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. Албанските медиуми јавија дека Протоколот за членство на Македонија во НАТО веќе добил зелено светло од законодавно- правната комисија и оти во четврток е закажана седница на Парламентот. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе