Ракомет
ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Словенија ја победи Португалија и остана во игра за полуфинале

21. јануари 2020 - 17:50 | Ф.З.

Со одлично второ полувреме словенечките ракометари ја добија незгодната Португалија и ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето.

Натпреварот почна неизвесно, се играше гол за гол, а на полувреме Португалците заминаа со гол предност, односно 15:14.

Второто полувреме продолжи во ист стил сѐ до оној момент кога Словенците израмнија на 19:19 и потоа го преземаа водството кое потоа само го зголемуваа за конечни 24:19.

Најефикасен на натпреварот беше Блаж Јанц кој постигна 7 голови, а неговите соиграчи Борут Мацковшек и Јуре Доленец по 6. Во противничкиот табор најефикасен беше Андре Гомеш со 6 голови.

Двајцата голмани забележаа двоцифрени интервенции. Анфреду Кинтана одбрани 15 удари, но од 43 шутеви, додека Клемен Ферлин бранеше 10 од 33.

Со оваа победа Словенија има 6 бодови, а во последното коло игра со фаворитот Норвешка. Ќе се надева и на кикс на Унгарија вечерва против Шведска бидејќи при евентуална делба на второто место ќе извиси Словенците кои во меѓусебниот дуел со Унгарија беа поразени.

Коментирај