Словенија не ни дозволи да се израдуваме на победа

Филип Здравески
/ 01.06.2021 / 19:59

Македонската фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките за претстојното Европско првенство со реми против Словенија откако прими гол во судиското надополнување.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Првиот тест пред ЕУРО селекторот Игор Ангеловски го почна со најдобриот состав, со исклучок на Енис Барди кој не беше на располагање поради позитивен тест на коронавирусот. На задоволство на публиката, која за прв пат по подолго време беше на стадион, а и на оние крај малите екрани, македонските репрезентативци истрчаа во убавите црвени дресови со жолто сонце. На голот стандардниот Столе Димитриевски; во одбраната триото Висар Муслиу, Дарко Велковски и Егзон Бејтулаи; во средниот ред Аријан Адеми и Бобан Николов со Езџан Алиоски лево и Стефан Ристовски десно; Елиф Елмас како треквартиста; капитенот Горан Пандев со Александар Трајковски во нападот.

Јубилејни настапи денеска остварија Муслиу (30-ти) и Бејтулаи (20-ти), додека за рекордерот Пандев ова беше 118-ти настап.

Remote video URL

Само што почна натпреварот дојде до принудна замена во гостинскиот табор откако левиот бек Јуре Балковец се повреди, па словенечкиот селектор во уште 4. минута направи замена.

Првата шанса ја имаа гостите кога Јосип Иличиќ убаво влезе во домашниот шестнаесетник, си отвори простор од десно, но на крајот биеше крај левата статива.

Кон средината на првиот дел Алиоски одлично нафрли во шестнаесетникот, но Пандев не успеа да ја зафати топката со глава и шансата пропадна.

Воглавно се играше на средината, без конкретни шанси на двете страни, освен веќе споменатите две, па првите 45 минути минаа без голови и без работа за Димитриевски и Облак.

И конечно, десет минути по паузата, контра на Македонија преку брзоногиот Алиоски по левата страна, нафли десно каде Елмас беше сам и биеше на подалечната статива оставајќи го немоќен Вид Белец, кој на полувремето го замени Јан Облак.

Само две минути по водечкиот гол пропуштивме одлична шанса да го дуплираме водството. Адеми доби топка десно, проба да проигра во шестнаесетникот, но некако нерешително подаде па топката не дојде до никој и заврши во гол-аут.

Ангеловски направи шест замени, па во вториот дел шанса добија Тихомир Костадинов, Иван Тричковски, Кире Ристевски, Даниел Аврамовски, Ферхан Хасани и Дарко Чурлинов. Последниот го запиша вториот настап за сениорската репрезентација.

Немаше возбудувања до самиот крај. Кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши со победа на Македонија, длабоко во судиското надополнување Домен Чрнигој со брилијантен удар го матираше Димитриевски и ѝ донесе реми на Словенија.

Наредниот предизвик за Македонија, последна проверка пред ЕУРО и шанса за победа, е в петок против Казахстан од 18 часот исто така на Националната Арена „Тоше Проески“ во Скопје.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе