Словенија: Вегани чие 10-месечно бебе почина од глад нема да одат во затвор

Родителите на 10-месечно бебе кое пред неколку години почина во болница во Љубљана поради воспаление на бели дробови и акутна неухранетост, нема да одат во затвор. Судот во Словенија ги осуди на условна затворска казна од 2 години, која ќе ја отслужат со општествено-корисна работа.

Детето во болница било примено со само 3.600 грама тежина, а трагичниот настан се случи во 2011 година и тогаш предизвика огромно внимание во јавноста и кај социјалните служби, бидејќи факултетски образован пар со уште пет други деца, пред трагичниот настан одбегнувал нивно лекување и здравствени прегледи.

Родителите биле страсни вегани кои се хранеле само со зеленчук, но и заговорници на природен начин на лекување, без медицински лекови. Истиот стил на живеење им го наметнале и на децата. Обвинението против нив е поднесено дури во 2014 година по бројни медицински експертизи. Најпрвин поради кривично дело предизвикано од смрт на занемарување на дете, и покрај изразената неухранетост, кашлањето, тешкото дишење и општата слаба состојба бебето не било однесено на доктор. На крајот починало во болница од последици на воспаление на бели дробови, кое довело до труење на крвта.

Во текот на истражната постапка утврдено е дека сите нивни деца имаат бројни здравствени тешкотии бидејќи не им била обезбедена правилна исхрана потребна за нормален развој. Медицинските резултати покажале дека децата имаат остеопороза, недостаток на железо и на други елементи во организмот. Кај едно дете биле откриени и промени во мозокот поради недостаток на витамин Б12. Покрај тоа децата не биле вакцинирани бидејќи тоа не се вклопувало во животниот стил на родителите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе