Вести

Словенија во март ќе лансира сателит во вселената

11. февруари 2020 - 10:22 | МИА

Првиот словенечки сателит наречен Trisat на 23 март ќе биде лансиран од космодромот во француска Гвајана. Тој ќе биде само еден од повеќето сателити кои во вселената ќе бидат лансирани со ракета Vega.

Сателитот беше развиван неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти од Мариборскиот универзитет и стручњаци од приватната словенечка компанија SkyLabs, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лансирањето неколку пати беше одложувано поради технички проблеми, а последните проверки кои се направени во специјални центри во Чешка, покажуваат дека Trisat е подготвен за својата мисија.

Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на висина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.

Коментирај