Случај „Монструм“: Возилото „Опел Омега” било пронајдено исчистено

Возилото „Опел Омега”, за кое се претпоставува дека го користиле извршителите на убиството на Смилковско Езеро, било пронајдено исчистено. Поранешен припадник на МВР, кој на 13 април 2012 бил на местото Враживир, и имал за задача да ја фото-документира колата, рече дека работел на многу кривични настани, но во овој случај возилото било исчистено и средено.

– Возилото го фотографирав внатре и надвор. Потоа ѝ го обезбедив до МВР, кое беше пренесено со влечна служба на МВР. Таму отидовме по најава на СВР Скопје. Техничка обработка на возилото не сум извршил јас. При мојата задача се грижев да не се губат траговите. За кој настан се работи возилото не сум знаел, изјави пред судот сведокот предложен од обвинителството.

На претходното рочиште за предметот ,,Монструм”, свој исказ даде началникот на одделението за увид на место на настан при СВР Скопје Г.М. односно за неговата поврзаност со возилото „Опел Омега”, најдено во местото Враживир.

– На 13 април на работа бев од 7 до 15 часот. Од никого не сум добил дојава дека во Враживир е најдено возило. Од старешината Владо Мирчевски, добив сознание дека во Враживир најверојатно е пронајдено возило поврзано со настанот на 12 април, рече тогаш сведокот.

Тој исто така посочи дека воопшто не го видел возилото.

– Ние добиваме дојави од Центарот за известување и командување, има други служби кои обработуваат оперативни сознанија, наша надлежност е за увид на место на настан, потенцира сведокот Г.М.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинените го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Хроника

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Read more

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе