Случај „Погба“ - пет причини зошто сака да си замине

Пол Погба наводно не се откажува од својата намера да замине од Јунајтед, дури сега се провлекува приказната дека не е проблемот само во Мурињо и дека Французинот не сака да губи време во клубот, тврдат медиумите на Островот.

Постојат неколку причини, а пред се тоа е притисокот во Премиер лигата и фактот дека Погба не гледа како клубот ќе успее да излезе од сенката на Манчестер Сити, тој верува дека тимот на Пеп е светлосни години пред Јунајтед, односно дека ниту големите вложувања нема да можат да ја променат таа ситуација.

Тоа е првата причина, а потоа секако доаѓа втората, односот со Мурињо. Ова е нешто за што Погба не сака да зборува, но рече дека не се пријатели туку имаат однос тренер-играч, поточно дека се труди да имаат професионален однос.

Португалецот го критикува бидејќи повеќе се занимава со маркетинг отколку со игрите на теренот, а во нивниот однос не помогна ниту констатацијата на Мурињо, дека Погба мора сам да разбере зошто игра подобро за Франција отколку за клубот, алудирајќи на неговите мотиви и желби.

Барселона и Јувентус се двата клуба кои не испратија понуда изминатово лето за Погба, меѓутоа дефинитивно пројавуваат интерес за Французинот.

Јуве не го доведе поради Роналдо, но не е тајна дека тој е следната голема мета и дека во клубот не размислуваат за ништо друго, освен за враќањето на Погба.

Денеска, италијанските медиуми пренесуваат приказна во која наведуваат уште три причини поради кои Погба би сакал да се врати во Јуве, па дури ако треба и за помала плата.

Прв е фактот дека соблекувалната во Торино го обожава, односно дека е во постојан контакт со сите играчи со кои играше и дека практично поминува повеќе време со нив на интернет, отколку со фудбалерите со кои моментално игра.

Втората причина е Кристијано Роналдо. Погба наводно верува дека присуството на Португалецот би му го направило неговото враќање во тимот полесно, односно нема целото внимание да биде вперено во него. Покрај тоа, Јуве е многу поорганизиран клуб од Јунајтед во овој момент, екипата е подготвена да го пречека Погба, а и со веќе одличниот среден ред, посебно во дефанзивата со Џан, Матуиди и Кедира, тој би имал многу повеќе простор и слобода.

Третата причина е Мино Рајола. Додека Барса за да го ангажира не сака тој да работи со него, Рајола има доверлив партнер во поранешниот клиент Павел Недвед, првиот човек во спортскиот сектор на Јувентус. Чехот секако претставува клуч, а Рајола не сака Мендеш да му ја украде позицијата во Јувентус, со доведувањето на Роналдо и Кансело. Бидејќи, не станува збор само за Погба, туку и младиот Кин, чиј агент е исто така Рајола, а кој би можел да стане идната светска фудбалска ѕвезда.

Како и да е, тој и понатаму е играч на Јунајтед, но како што стојат работите Пол Погба нема уште долго време да биде член на „Црвените ѓаволи“.  

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе