Случај „Рекет“: Чантата „Луј Витон” не била вратена кај Јордан Камчев

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Фотографија од чантата „Луј Витон” предизвика голема реакција од страна на одбраната нa обвинетите во „Рекет“, која смета дека јавниот обвинител, во завршните зборови се обидува да достави доказ.

Бранителот на Боки 13, адвокат Сашо Дуковски, пред новинарите по завршување на денешното рочиште за „Рекет”, рече дека е незаконски да се вадат само извадоци од 21 февруари, а не од 22 февруари, кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена чантата Луј Витон во куќата на сведокот Јордан Камчев. Оваа реакција ја прифати и Судот, односно обвинителката Вилма Рускоска, истакна дека овој материјал не треба да се земе како доказ.

Целта на прикажување на овој доказ според обвинителката Рускоска, е да се докаже дека не е точно тврдењето на обвинетиот Бојан Јовановски, дека со веќе осудениот Зоран Милески, на 21 или 22 февруари 2019, торбата Луј Витон ја враќа во куќата на сведокот Јордан Камчев.

– Тие заедно доаѓаат во куќата на Јордан Камчев и сега осудениот Зоран Милевски, носи црна чанта, со големи рачки, која и по изглед и поголемина многу се разликува од торбата Луј Витон. По повторно прегледување на сите снимики на 22 и 23 февруари ниту Зоран Милевски, ниту Бојан Јовановски одат во домот на Јордан Камчев. Ова е сигурно. Не може одбраната да негира нешто што е извештачено. До фотографијата имаше вештачење од точна локација каде е направена фотографијата, изјави Рускоска.

Од друга страна адвокатот Дељо Кадиев, кој ја брани обвинетата Катица Јанева, нагласи дека нема ниту еден доказ со кој се потврдува во обвинението.

– Не браниме ништо што не е одбранливо. Нема ниту еден доказ со што се потврдува било што во обвинението, истакна Кадиев.

Тој посочи дека многу повеќе ќе образложат при изнесувањето на завршните зборови.

– Гледаме дека тука обвинителката најмногу се задржа на незаконски објавените снимки. Реагиравме затоа што по завршување на доказна постапка се обиде уште некои докази да протне и тоа селективно. Еве слушнавте Бојан реагираше – јас не го барав на 21, дајте го од 22 февруари, веројатно нешто има таму што тоа го барам, не знаеме зошто обвинителот не беше транспарентен, рече Кадиев. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе