Случај „Титаник 2“: Фетаи сама во судница, одбраната не дојде

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи денеска дојде на јавната расправа во Апелација за случајот „Титаник 2“, но столчињата за адвокатите на обвинетите кои бараат две бомби на СЈО да не бидат доказ во постапката, останаа празни.

Обвинителката Фетаи рече дека од тие бомби директно се слуша како поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи договараат местенки во Државната изборна комисија и во Управниот суд. Таа се повика на досегашната пракса на Апелациониот суд кој одлучи бомбите да бидат доказ во сите постапки на СЈО.

Обвинителката Фетаи повтори дека прислушуваните разговори се незаконски креирани, но законски прибавени. Затоа побара бомбите да се репродуцираат на главната расправа за предметот „Тврдина 2“.

Апелациониот суд на јавна седница одлучува дали бомбите ќе бидат доказ во судската постапка за случајот „Титаник 2“, во кој се обвинети судии од Управниот суд за изборни нерегуларности од локалните избори во 2013 година.

Кривичниот суд на 2 октомври ги отфрли прислушуваните разговори на Специјалното јавно обвинителство како докази во обвинението за случајот „Титаник 2“, иако претходно на 18 септември Апелација прифати бомбите да бидат доказ во предметот „Триста“. СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1 за отфрлање на бомбите.

Во август годинава, Судскиот совет донесе одлука да им го одземе судскиот имунитет на петмината судии од Управниот суд обвинети во „Титаник 2“. Ваквата одлука беше донесена на барање на судијката која што го оценуваше обвинителниот акт. Во „Титаник 2“ беа обвинети уште пет лица од Државната изборна комисија, како и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Апелационите судии треба да одлучат дали бомбите се доказ само уште во предметите „Тортура“ и „Титаник“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе