Македонија

Случај „Триста“: Нема притвор за помошник-министерот Ѓоко Поповски

17. јули 2017 - 16:10 | Макфакс

Апелациониот суд ја објави одлуката за помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски и одлучи како и по решението на Кривичниот суд, да не му определи притвор на обвинетиот како мерка за обезбедување присуство.

Ѓоко Поповски е обвинет во случајот „Триста“ за набавка на 300 возила за полицијата. Апелациониот суд притоа ја одби и неговата жалба да му биде одземен пасошот, па бидејќи одлуката е конечна, Поповски ќе мора да се јавува еднаш неделно во судот и нема да смее да ја напушта земјата.

Коментирај