Слушнати 122 „бомби“ на денешното рочиште за „Титаник“, продолжува на 12 септември

Скопје, 20 август 2018 (МИА) –  Преслушани 122 „бомби“ на денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година. Судењето продолжува на 12 септември.

За предметот „Титаник“ досега преслушани се вкупно 243 „бомби“, додека за случајот СЈО има предложено 1.063 „бомби“, 191 сведок и 5.910 материјални докази.

На денешните „бомби“ се слушаше како поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески дава насоки за материјали и гласање на поранешниот директор на МЖ Транспорт и актуелен претседател на ДИК Оливер Дерковски, потоа разговори во кои Јанакиески на полициски командир во Радовиш му дава насоки за комуникација со граѓаните од врата до врата, и разговори во кои Јанакиески му кажува на градоначалникот на Валандово да му забрани на некој професор по физичко воспитување до изборите да оди на работа за да може да оди од врата на врата околу изборната кампања за изборите во 2013 година.

Во една од бомбите поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска му се жали на поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески  дека луѓе има, ама нема бензин и дека поради трошоците за изборите имале само по 20 литри на станица.

Адвокатите на одбраната и Миле Јанакиески на два пати побараа од судот да нотира одредени работи за слушнатите разговори, како недоследности во однос на часот и времето на наводно водените разговори, како и за случај на ист разговор снимен меѓу двајца исти луѓе, а предложен два пати со различно време.

Судијата Осман Шабани, на тоа им посочи дека ќе можат за се на долго и широко да објаснат откако ќе заврши со овој дел од постапката. - Секако дека ќе можете да посочите одредени моменти. Ќе можете тоа и усно и на писмено, како ќе сакате, рече Шабани.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе