Слушнете го новиот сингл на кумановците „Ред-тејлд хилер"

Кумановското дуо кое неодамна се појави на домашната и на интернационалната сцена со своите сингл изданија „Resilience” и „Openness“, штотуку издаде нов ветувачки сингл насловен „The Noria”.

„Нашата нова песна „The Noria“ претставува поетска илустрација на несреќите и хендикепот на луѓето кои се раѓаат и раснат во неразвиени држави, нивните аспирации и нивната надеж, како и нивната генерална горчливост и тенденција да се спротивставуваат на системските норми наметнати од новото, модерно хипер-општество“, велат од бендот.

„Red-Tailed Healer” или исцелителот со црвени перја за прв пат се појавува со своето прво издание „Openness“ во август 2020 како оргинална идеја на Дамјан Милановски – Данска –музички ентузијаст и гитарист на поранешениот кумановски метал состав „Vandal“. Заедно со младата и талентирна пеачка и актерка Ивана Стефановска подоцна го издаваат и нивното второ издание „Resilience” кое успешно се пласира на интернационалната музичка сцена преку
дигиталната музичка платформа Spotify.

„Наше задоволство е да создаваме стимулирачка музика која инспирира и го слави внатрешниот трансформативен процес на поединецот во модерното општество. Ние веруваме дека младите луѓе во целиот свет и младите во Македонија знаат за нешто подобро од секојдневно-сервираниот медиокритет на полето на уметноста. Се надеваме дека нашите сизифовски напори ќе разбудат искра и желба кај младите да почнат да творат за тоа што е вистинито, со доза на одговорност да создаваат уметност со безвременски квалитет“, истакнуваат членовите на бендот.
Музиката на Red-Tailed Healer можете бесплатно да ја слушате на сите дигитални музички платформи.

Remote video URL
реклама

Шест знаци дека пиете премногу вода

Read more

Милијарда долари за да може Ever Given да излезе од Суецкиот Канал

Read more

Европол: Албанија извор на дрога, транспортот оди главно по морски пат до Италија

Read more

Колку секс е навистина потребно за среќна врска?

Read more

МК сцена

Фестивалот „Здраво Млади“ закажан за крајот на август

Read more

„Фанк шуи“ се македонските финалисти на ХЕМИ музичките награди

Read more

„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации

Read more

Слушнете го новиот сингл на кумановците „Ред-тејлд хилер"

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Официјален трејлер за „Those Who Wish Me Dead“ со Џоли

Читај повеќе

Џенифер Анистон ќе стане мајка на 52 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлерот за новиот филм на Netflix - „The Woman in the Window“

Читај повеќе

Меколи Калкин стана татко

Читај повеќе
  • play_arrow

Бокс-офис: „Godzilla vs. Kong“ втор викенд на врвот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за новата серија на Netflix – „The Innocent“

Читај повеќе

Бенедикт Камбербач мисли дека бил нулта ковид пациент

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Prince of Persia“

Читај повеќе