Слушнете ја „Where’s The Revolution“, новата песна на Депеш Мод
Депеш Мод објавија нов сингл наречен „Where’s The Revolution“, дел од новиот албум „Spirit“ што треба да излезе на 17 март.
Станува збор за моќна песна во која Дејв Ган бара одговор на прашањето: „Каде е револуцијата? Ајде Луѓе, ме изневеривте“.
Новиот албум ќе биде промовиран со светската турнеја Global Spirit Tour, во која се вклучени 34 концерти во 21 европска земја.