Наука

Слушнете како звучи удар од соларна бура на Земјата

20. ноември 2019 - 13:44 | Б.С.Б.

Европската вселенска агенција ЕСА употреби четири вселенска летала во орбитата со цел зрачењата од соларните бури кои паѓаат во нашата атмосфера да ги претвори во звук. Резултатите се морничави.

Магнетосферата делува како штит од зрачењето кое се пренесува со соларни ветрови. За прв пат научниците снимиле како звучат кога тие набиени честички се одбиваат од магнетосферскиот штит и се судираат со надојдените честички, создавајќи магнетоакустични бранови. Резултатите се некој вид вселенска музика за која многумина би рекле дека е вознемирувачка.

ЕСА низ шест соларни бури откри дека брановите од овие бури се многу посложени отколку што претходно се мислеше.

Соларните ветрови се создаваат откако се создава магнетска ерупција на површината на Сонцето, а одговорни се и за Земјината аурора, како што е аурора боралис. Во нормални или мирни услови, магнетосферата произведува сигнал од ниска фреквенција.

Претстојната мисија на ЕСА, наречена Solar Orbiter, е најавена за февруари, 2020 година. Крајна цел е да се разбере соларното време за во иднина подобро да ја подготвиме нашата орбитална електроника и вселенските летала со кои управуваат луѓе против какви било потенцијални катастрофални настани.

Откритијата на ЕСА се објавени во Geophysical Research Letters.

Коментирај