Службен весник прослави 80-годишен јубилеј

Држејќи го вo раце првиот број на Службениот весник на Федералната единица Македонија во демократска и федеративна Југославија кој бил резервиран за основните акти на АСНОМ од 2 август 1944 година, министерот за правда Игор Филков во своето обраќање по повод јубилејот на ЈП „Службен весник“, го истакна значењето на службеното гласило за нашата државотворност.

„Првиот број ги содржи основните акти на АСНОМ од 2 август 1944 година, со кои е формирана македонската држава со сите елементи и атрибути на државноста, како телата на законодавна и извршна власт, јазикот, системот на образование, системот на здравство, никулецот на судството, платежно средство, територијална поделба на државата, бројни правилници, оперативни решенија. Но, тука е и решението за определување на Илинден - 2 август за 'народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за негово конечно ослободувањe од вековното ропство и создавањето на слободната и суверена федерална македонска држава'. Уште поголема е гордоста од свесноста која нашата држава ја посветила на човековите права, усвојувајќи ја Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија“, истакна министерот за правда, Игор Филков.

Владата на Република Северна Македонија е основач на Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“, но Министерството за правда е матичното министерство кое е надлежно за подготовката на законската регулатива при објавувањето на законите, другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија, како и издавањето на службеното гласило Службен весник на Република Северна Македонија, како дејност од јавен интерес. Тоа, според министерот Филков, создава посебна врска помеѓу двете институции, кои се упатени на процес на постојана комуникација и соработка.

реклама

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Read more

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Read more

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Read more

Собранието ќе продолжи со работа следната недела

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе