Smacircle - електричен велосипед кој можете да го носите во ранец

Ова е најкомпактниот, најпрактичниот и најлесниот електричен велосипед кој го имаме видено до сега.

Кинеската компанија Smacircle Technology на Indiegogo успешно собра пари за лансирање на својот практичен електричен велосипед без педали, наречен Smacircle S1.

Главната негова карактеристика е лесната конструкција од јаглеродни влакна, која може да се склопи на иновативен начин во пет лесни чекори и да се носи во ранец.

Целиот велосипед тежи само 7 килограми заедно со батеријата која ја произведува  Самсунг, а за одредување на брзината, следење на состојбата на батеријата и отклучување, можете да користите Android или iOS апликација.

И покрај тоа што е мал и лесен, велосипедот може да превезува луѓе со тежина до 100 килограми со брзина од 20 км/ч. Велосипедот има систем за електронско кочење, предно и задно светло, а батеријата се полни за 2 ипол часа.

Во оваа рана фаза, неговата цена е 649 долари, што е за 57% помалку од планираната цена кога ќе се најде во дуќаните, а испораките започнуваат при крајот на годинава.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе