Сметките за струја ви се повисоки од реалната потрошувачка? Поднесете жалба

Скопје, 17 октомври 2020 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на електрична енергија.

-Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ. Комисијата за жалби која функционира во рамките на РКЕ ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување. Ние по овие претставки постапуваме веднаш, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Тој потсетува дека потрошувачите имаат можност за контрола на начин што самостојно ќе ги отчитаат броилата по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН, со што врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената електрична енергија.

-Во исто време ги потсетуваме потрошувачите од категорија домаќинства дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.  Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема, потенцираат од Регулаторната комисија.

Исто така, додаваат оттаму, согласно член 197 став (3) од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19) сите потрошувачи имаат право на надоместок на штета поради намалена испорака (испорака на електрична енергија со послаб квалитет од пропишаниот) или прекини во испораката на енергија под услови и начин утврдени во Правилата донесени од РКЕ.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе