Смртна казна за јапонската Црна вдовица која ги труеше мажите заљубени во неа

Во 2013 година, Исао Какехи (75) беше во добра здравствена состојба и заљубен во Чисако Какехи, тогаш 67-годишна жена со која се запозна преку агенција за состаноци. По два месеци се венчаа и почнаа да живеат заедно, многумина би рекле идиличен живот, во градот Муку, во регионот Кјото.

За жал, Исао не ја доживеа новата година бидејќи на 28 декември стана четвртата и последна жртва на јапонската Црна вдовица, пишува CNN.

Денеска, 74-годишната Какехи беше осудена за убиство на тројца партнери и обид за убиство на четврти. Таа ги започна убиствата во 2007 година, кога имаше 61 година. Беше уапсена дури во 2014 година.

Во 2017 година, таа беше осудена на смрт по едно од најдолгите судења во историјата на Јапонија. Жалбата против пресудата беше одбиена во јуни оваа година.

„Користела агенции за запознавање за да стапи во контакт со постарите жртви и, откако ќе ја добиела нивната доверба, ги труела“, рече судијата во нејзиниот случај.

Таа го склучила првиот брак во 1969 година, на 23-годишна возраст, а нејзиниот сопруг починал во 1994 година по боледување. Била вдовица до 2007 година, кога влегла во врска со 78-годишниот Тошиак Суехир. На 18 декември истата година, на ручек со неговите деца, таа му дала таблета цијанид.

По само 15 минути, тој колабирал, а кога пристигнала медицинската служба, умирал. Лекарите успеале да му го спасат животот, а тој починал година и пол подоцна од последиците од друга болест.

Во 2011 година, Црната вдовица, како што ја нарекуваат јапонските медиуми, се запознала со Масанори Хонда, 71-годишник во добра здравствена состојба. Иако страдал од „поблага форма“ на дијабетес, тој често изведувал рекреативни активности. Стапил во контакт со Црната вдовица, а на пријателите им било кажано и дека планираат да се венчаат.

На 9 март 2012 година, Хонда изгубил свест додека возел мотор, а по два часа, лекарите ја констатирале неговата смрт. Подоцна се докажа дека Чисако започнала романтична врска со друг маж два месеци пред неговата смрт.

Минору Хиоки, 75-годишник кој преживеа рак на белите дробови, планираше да започне нов живот во 2013 година. До август истата година, тој се заљуби во Чисако и во пораките ѝ пишувал дека сака да биде со неа „засекогаш“. На 20 септември, таа му дала пилула со цијанид. Бидејќи и двајцата редовно земале лекови, на жената-убиец ѝ било лесно да му „подметне“ цијанид, а Хиоки изгубил свест истиот ден.

Додека пристигнала медицинската служба, неговата состојба се влошила и се гушел и чувствувал болки. Чисако ги излажала лекарите тврдејќи дека тој боледува од напреден рак на белите дробови и одбила негово лекување, па тој починал во рок од два часа.

Веќе во ноември 2013 година, таа беше во брак со Исао Какехи, а само неколку недели подоцна тој починал од срцева слабост. Како и повеќето жртви, тој починал по вечерата со Црната вдовица, а неговата смрт предизвика сомневање.

Обдукцијата не е честа постапка во Јапонија, но во овој случај беше извршена поради честите смртни случаи на партнерите на Чисако. За кратко време, инспекторите пронашле празни капсули за лекови во нејзиниот стан во кои таа го ставала цијанидот, како и траги од цијанид.

Два месеци подоцна, таа призна дека ги отрула Хонда, Хиоки и Суехир со таблети од цијанид. Таа е осомничена дека е одговорна за смртта на четворица други мажи, но истражителите никогаш не нашле цврсти докази.

Не е јасно што точно ја натерало на сите убиства. Нејзината одбрана се пожали на недоследности во нејзините искази, тврдејќи дека таа страдала од деменција. Одбраната го загуби случајот и Црната вдвица беше осудена на смрт.

Казната ќе биде извршена во рок од шест месеци.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе