Смртоносна машина: Новиот американски дрон може да носи 16 Hellfire ракети

Компанијата General Atomics со седиште во Калифорнија тестира нов дрон кој ќе биде посмртоносен од кој било друг моментално достапен за американската војска.

Беспилотните летала брзо напредуваа од улогата во извидување во борбена улога против непријателските сили. Војската на САД долго време користеше голем број различни видови беспилотни летала во своите операции, а исто така соработуваше со партнери во развојот на својата верзија на беспилотни летала и нивните способности.

Развивањето беспилотни летала без јасна визија за воена употреба е ризична стратегија, но се чини дека General Atomics има едноставен план. Целта е да се обезбеди што е можно поголема оружна моќ за дронот, повеќе од кога било досега, а побарувачка на пазарот во секој случај има.

Новото беспилотно летало може да носи до 16 ракети Hellfire во еден лет. Повеќето беспилотни летала во моментов користат ракети воздух-земја, но 16 е четирипати поголем од бројот на ракети што може да ги носи MQ-9 Reaper. Овој дрон исто така беше произведен од General Atomics и денес има до 200 примероци. Нивниот домет е 1.850 километри и ги користи Министерството за внатрешна безбедност на САД, но и некои други земји во светот.

Дизајнот доаѓа од дронот MQ-IC Grey Eagle со тоа што е жртвувана висината за да го направи дронот поиздржлив. Grey Eagle може да носи до осум Stinger ракети воздух-воздух, а новиот дрон би можел добро да се вклопи во планот на американското воено воздухопловство за зајакнување на воздушните борбени способности.

Сепак, поголемата огнена моќ има и свои негативни страни. Секоја ракета Hellfire тежи 45 килограми, а носењето 16 такви ракети значи дека дронот ќе ја носи речиси целата тежина. Актуелниот Gray Eagle може да носи 360 килограми, така што двојно поголем капацитет ќе влијае на издржливоста на дронот и ќе го намали товарот за други мисии или системите за ладење на сензорите.

Нема детали за погонот на дронот, но се знае дека има поголеми крила, што би можело да значи дека погонот нема значително да се подобри. Во извештајот се споменува автоматско полетување и слетување за да се намали притисокот врз UAV пилотите.

На новиот дрон му се доволни 244 метри за полетување, па може да го користи морнарицата, но и војската на тешки терени.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе