СМС пораки откриваат како Администрацијата барала од Украина истрага за Бајден

Вашингтон, 4 октомври 2019 (МИА) – Високи американски дипломати извршувале наредба од Белата куќа Украина да отвори истрага за политички ривал на американскиот претседател Доналд Трамп, се дознава од содржината на пораките објавени синоќа од конгресни истражители на Претставничкиот дом.

Пораките се на дипломатите како Курт Волкер, специјален претставник на САД за Украина кој неделава поднесе оставка, како и вршителот на должност амбасадор на САД во Украина, Бил Тејлор, потоа Гордон Сондленд, амбасадорот на САД во ЕУ. Но, и на високи официјални лица од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленскиј, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Овие пораки откриваат крајно загрижувачка ситуација укажана од претставници на Стејт департментот дека задржаната воена помош за Украина, критична за земјата, се условувала со средба на претседателот Трамп и Зеленскиј. Со оваа помош се вршел притисок врз Украина да започне политички мотивирана истрага, се вели во соопштението од американскиот Конгрес.

Претставниците на трите комисии од Претставничкиот дом, за разузнавање, надзор и реформи и за надворешни работи, укажуваат дека „ова не е нормално или прифатливо“. „Тоа е неетички, непатриотски и погрешно. Американски претседатели никогаш не треба да вршат притисок врз странски сили за напад на домашни политички ривали“, се вели во соопштението.

Пораките беа објавени по речиси десетчасовно сведочење на Волкер вчера пред трите комисии и откриваат разговор меѓу него и двајца други американски дипломати за тоа како да постапат со барањата на Трамп за истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Еден разговор покажува како Волкер му пишува на советник на Зеленскиј, ветувајќи средба на новоизбраниот претседател со Трамп во Вашингтон во замена за истрага.

Но, Трамп денеска на подолг брифинг пред новинарите се дистанцираше од пораките што ги објави Претставничкиот дом.

Бајден е во трка за номинација претседателски кандидат од демократите на изборите во 2020 година.

Трамп инсистирал Зеленскиј да отвори истрага за време на телефонскиот разговор на 25 јули, постапка што поттикна истрага за негов импичмент во Конгресот.

Претседателот го обвини Бајден за злоупотреба на неговата моќ, преку наводно барање Украина да запре кривична истрага водена од украински обвинител за неговиот син Хантер.

Претседателот и неговите соработници не обезбедија никакви докази да покажат дека Бајден бил вклучен во нелегална активност.

Кампањата на Бајден, пак, отфрли секакви сомнежи за корупција во времето кога како потпретседател се ангажирал во напорите на меѓународната заедница да ја запре корупцијата во Украина.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе