Снаодлив Русин
Кога некој човек си има мака, се соочува храбро со проблемот. Или во случајов, снаодливо.
На YouTube е објавено видео снимено на автопат во Русија. Во центарот на вниманието е оштетен автомобил кој со помош на приколка „се влече самиот себе“. Автомобилот е значително оштетен, но возачот задните тркала ги заменил со приколка, како привремено решение.
Видеото е снимено од жена која не може, а да не се насмее на оваа несекојдневна глетка.