Снег, силни ветрови и ниски температури ја парализираат Европа

Додека во Македонија и на Балканот владеат прилично прифатливи температури за овој период од годината, остатокот од Европа се бори со снежно невреме, силни ветрови и температури под нулата.

Во Велика Британија и Германија се откажани стотици летови, а во Франција е огласен портокалов метеоаларм.

Според британски „Independent“, откажани се стотина летови од аеродромите „Хитроу“ и „Стенстед“ во Лондон, како и во Бирмингем и Лестер. Поради невремето во Британија заглавени се десетици илјади патници.

Во Германија се забележани проблеми во авиосообраќајот, а според портпаролот на аеродромот во Франкфурт, откажани се над 300 летови, а стотина се одложени поради снегот и мразот што ги блокираат пистите на најголемиот аеродром во Германија.

Околу 330 летови биле откажани до 17 часот по локално време, откако силни врнежи снег и температури под нулата го погодија регионот околу финансиската престолнина на Германија, вели портпаролот на компанијата „Fraport“ која управува со аеродромот.

Службите во Па-де-Кале во Франција, каде поради силните ветрови беше огласен портокалов метеоаларм, соопштија дека траект што превезувал над 300 луѓе се насукал поради силниот ветер во Кале во северна Франција, но дека за среќа, нема повредени.

Во Португалија и во Шпанија дуваат ветрови со орканска јачина и тамошните служби огласија предупредувања за граѓаните.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе