Снег во пролет, снежната покривка во следните два дена и над 20 сантиметри

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Од утринава во земјава врне снег, иако календарски настапи пролетта.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најмногу снег има наврнато во Маврови Анови – 11 сантиметри. Повремени врнежи од снег се очекуваат и во текот на следните два дена.

Снег има во Пожаране каде снежната покривка е 9 сантиметри, во Лазарополе 8 сантиметри, во Тетово 5 сантиметри, во Крива Паланка 4 сантиметри, во Куманово и Ѓуриште 3 и во Крушево и Берово 2 сантиметри.

Минималните температури во дел од градовите се спуштија под нулата. Најстудено било во Маврово каде се измерени -6 степени, а под нулата утринските температури биле и во Лазарополе, Крушево, Крива Паланка, Зајчев Рид кај Скопје, Куманово, Тетово, Штип и Берово.

За денеска се најавува облачно, студено и ветровито време со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Засилен северен ветер ќе дува долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 5 степени. 

Во Скопје облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне само до третиот степен.

Снегот утринава го отежна и патниот сообраќај, кој засега се одвива без забрани но по влажни коловози. Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на планинскиот премин Ѓавато.

Повремени врнежи од снег ќе има и утре и во среда. Најобилни ќе бидат врнежите во источните делови од државата кде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 сантиметри. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу пет сантиметри, освен на планините каде се очеува повисока снежна покривка.

Според прогнозата на синоптичарите, облачното време ќе се задржи до сабота, но врнежите поради затоплувањето ќе бидат главно од дожд.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе