„Снежен град и караван“ од 16 до 21 февруари на Попова Шапка

Детскиот културен центар „Карпош“ - Скопје по 43. пат ќе ја организира и реализира традиционалната детска манифестација „Снежен град и караван“. Манифестацијата ќе се одржи од 16 до 21 февруари на Попова Шапка.

Градителите ќе бидат сместени во хотел „Славија“ - ЕЛЕМ, кој е и коорганизатор на манифестацијата.

На 21 февруари во 11:00 часот децата градители заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“ Билјана Лалчевска Серафимовска свечено ќе го отворат „Снежниот град“, а сите посетители кои ја сакаат оваа уметност ќе имаат можност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.

Учесници-градители на „Снежниот град“ се ученици од повеќе основни училишта од Скопје. Сите ученици се екипирани по 15 деца со свој ментор и со потребните алатки, градат склулптура каде ја прикажуваат својата креативност и талент. Децата кои учествуваат на „Снежен град“ користејќи ја својата фантазија се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект којшто тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, информираат од ДКЦ „Карпош“.

Во рамки на манифестацијата се одржуваат и други активности од забавно-рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и многу други активности.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе