Македонија

Снежна покривка во Крушево и Маврово

21. април 2017 - 9:51 | Макфакс

Снежна покривка од еден сантиметар во Крушево и три сантиметри во Маврово е измерена изутринава, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Пораст на температурите се очекува од сабота.

Според УХМР, во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнало во Крушево и Охрид (1л/м2) и Маврово (2л/м2).

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и источните делови.

Претпладнево во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 10 степени. 

Коментирај