Снежни врнежи ќе има насекаде во текот на ноќта, особено во западните делови

Локалните врнежи од снег во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови. Само во крајните југоисточни подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

За утре УХМР прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје температурата утре ќе биде од  -4 до 3 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.

Според мерењата од 16 часот денеска, најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, а најниска температура од 0 степени во Крива Паланка.

реклама

Пет секс предизвици што треба да ги пробате во 2021

Read more

Објавена првата фотографија од британскиот сој на коронавирусот

Read more

Америка е пред граѓанска војна, предупредува милијардерот Далио

Read more

Девојче почина поради предизвик на TikTok, започната истрага во Италија

Read more

Македонија

Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа

Read more

Насер Зибери избран за народен правобранител

Read more

Северна Македонија не доби рок за вакцините од Европската Комисија

Read more

Шахпаска: Се пријавуваат само 15 проценти од случаите на семејно насилство

Read more
 

Вести

Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа

Читај повеќе

Русија ќе му испрати на Мексико 24 милиони дози од вакцината Спутник V

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Луксузната палата не е моја, им го перат мозокот на Русите

Читај повеќе

Илинден-Тирана ги повика Македонците од Гора масовно да ја подржат партијата „Единствена горанска партија“

Читај повеќе

ЕК: Одговорите на AstraZeneca не се задоволителни

Читај повеќе

Насер Зибери избран за народен правобранител

Читај повеќе

Северна Македонија не доби рок за вакцините од Европската Комисија

Читај повеќе

Шахпаска: Се пријавуваат само 15 проценти од случаите на семејно насилство

Читај повеќе

Две деца повредени во сообраќајка во Кавадарци

Читај повеќе