Новата сезона на телевизиската серија „Lord of the Rings“, вредна повеќе милиони долари, ќе се пресели од Нов Зеланд, соопшти Amazon Studios.
Снимањето ќе продолжи во Обединетото Кралство, со што Middle Earth за првпат ќе се пресели од Нов Зеланд.
Пејзажот од ливадите, планините и шумите во Нов Зеланд станаа познати како дел од филмската трилогија на „The Lord of the Rings“ и „The Hobbit“, снимени од оскаровецот Питер Џексон.
Новата серија за епската фантазија, вредна повеќе милиони долари, засега се снима на Нов Зеланд, но втората сезона ќе биде снимена во Велика Британија, соопштија од студиото.
Владата на Нов Зеланд е разочарана од одлуката.
Новата сезона ќе се емитува во септември, 2022 година. Се очекува серијата да има 5 сезони, што ја прави една од најскапите серии во историјата.