Снименa џиновска планета која орбитира околу две ѕвезди

Научниците открија џиновска планета која орбитира околу огромен пар екстремно жешки ѕвезди, во средина која се сметаше за премногу негостопримлива за формирање планети.

„Досега не сме виделе планета која орбитира околу ѕвезда која е повеќе од трипати помасивна од Сонцето“, соопшти ESO.

Астрономите ја снимија планетата наречена b Centauri b со помош на Големиот телескоп лоциран во чилеанската пустина. Планетата орбитира околу двоен ѕвезден систем лоциран во соѕвездието Кентаур (Centaur).

Деструктивни ѕвезди

Овој пар ѕвезди има исклучително голема маса и е многу жежок. Емитува големи количества високоенергетско ултравиолетово и рендгенско зрачење, кое има силно влијание врз околниот гас, што во никој случај не е поволна ситуација за формирање на планета.

Астрономот Маркус Јансон од Универзитетот во Стокхолм рече дека откритието „целосно ја менува сликата за можноста планетите да се формираат околу масивни ѕвезди“.

„Ѕвездите од типот B генерално се сметаат за прилично деструктивна и опасна средина, така што досега мислевме дека е многу тешко да се формира планета околу нив“, рече Јансон.

Новооткриената b Centauri b е егзопланета, планета надвор од нашиот Сончев Систем, која е 10 пати помасивна од Јупитер, пишува NBC News.

„Тоа е сурова средина“

Астрономот Гајатри Вишванат од Универзитетот во Стокхолм во соопштение за печатот рече дека тоа е „вонземски свет кој потекнува од средина сосема различна од онаа овде на Земјата и во нашиот Сончев Систем“.

„Тоа е сурова средина, доминирана од екстремно зрачење и каде што сè постои во џиновски размери: ѕвездите се поголеми, планетата е поголема, растојанијата се поголеми“, рече Вишванат.

b Centauri b орбитира на многу голема оддалеченост од своите матични ѕвезди, 100 поголема од растојанието помеѓу Јупитер и Сонцето, што можеби е клучен фактор за нејзиниот опстанок.

Студијата Giant planet imaged orbiting two massive stars е објавена во научното списание Nature.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе