Снимка од пијана верверица стана хит на интернет
Девојка од Минесота случајно дала презреани, стари крушки на верверица и судејќи според видеото, верверицата се опијанила од ферментираните крушки.
Кејти Морлок минатата недела го чистела фрижидерот во кој ги пронашла крушките, дел од нив дала на свињата Хамлет, а дел на верверицата која редовно доаѓа по храна во нејзиниот двор.
Спред Кејтлин, верверицата е добро и следниот ден се вратила повторно по храна.