Сноуден ги нападна Facebook и Apple и предупреди: Сакаат да имаат што повеќе информации за нас

„Поткопувањето на системот за енкрипција за да им се овозможи на владите пристап до приватни пораки ќе биде колосална грешка со фатални последици“, предупреди поранешниот американски дојавувач Едвард Сноуден, пишува CNBC.

„Приватноста е моќ“, рече Сноуден, зборувајќи од Русија преку видеоповик, по повод првиот „Глобален ден на енкрипцијата“.

Сноуден се јави додека владите ширум светот вршеа притисок врз технолошките гиганти како Facebook и Apple да им дадат на властите пристап до шифрирани пораки.

Неколку земји бараат воведување на систем „backdoor“, што ќе им овозможи да ја заобиколат енкрипцијата.

САД, Европската унија, Австралија, Русија и Кина се меѓу земјите кои „го испитуваат развојот на средства и методи за барање слаби системи за шифрирање“, потврди Сноуден.

„Владите се загрижени за технологијата што ги спречува органите на прогонот да истражуваат сериозни злосторства како што се тероризмот и сексуалната злоупотреба на деца“, рече Сноуден.

Употребата на end-to-end енкрипција долго време е точка на расправија меѓу владите и големите технолошки компании.

Apple, на пример, често се судри со американските власти околу шифрирањето на податоците и приватноста.

„Приватноста требаше да биде моќ на поединци“, продолжи Сноуден.

Повикувајќи ги Facebook и другите технолошки гиганти, Сноуден рече: „Истите компании кои работеа толку напорно на ширење на шифрирањето во текот на годините, сега почнуваат да се плашат од следните чекори“.

„Компаниите како Facebook сакаат да имаат што е можно повеќе информации за нас. Затоа сега ограничуваат каде некој ќе користи end-to-end енкрипција. Ќе речат ‘за работите за кои не сакаме да преземеме деловна одговорност, ќе усвоиме end-to-end  енкрипција’. Не се баш друштвено настроени“, додаде Сноуден.

„Се грижат само за своите интереси“.

реклама

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе