Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА

Москва, 22 септември 2020 (МИА) – Едвард Сноуден, поранешен член на американската Агенција за национална безбедност, (НСА) се согласи да ги предаде приходите од продажбата на неговата книга на американската влада.

Сноуден, кого го бараат во САД за откривање на најдоверливите податоци на американските тајни служби, се согласи на владата да ѝ предаде дури 5  милиони долари.

Тој во 2013 година го шокираше светот кога на човештвото му откри дека американската Влада тајно собира податоци од секој телефонски повик, порака и е-пошта.

Сноуден во последните неколку години се наоѓа во Русија.

Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно забележено“ и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и Американската агенција за национална безбедност. Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската Влада создала систем на масовно следење.

Ова не е првпат американската Влада парично да казнува поранешни вработени за неовластено протекување информации. И Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност, кој објави книга за претседателот Доналд Трамп, се соочува со сличен обид на Министерството за правда да ги поврати приходите од објавувањето и продажбата на книгата.

реклама

Свет

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе