летни олимписки игри париз 2024

Снуп Дог ќе го носи факелот на отворањето на Олимписките игри

Американскиот рапер, актер и музички продуцент Снуп Дог ќе биде меѓу носачите на олимпискиот факел во петок, последниот ден од штафетата пред вечерното отворање на Олимписките игри во Париз.

Нему ќе му се придружат француската актерка Летиција Каста, францускиот рапер Ем-Си Солаар, како и пензионираниот украински скокач со стап Сергеј Бубка.

Снуп Дог ќе биде меѓу последните носители на олимпискиот факел, носејќи го низ улиците на Сен Дени, етнички диверзитетното северно предградие на Париз, кое е дом на Олимпискиот стадион и Центарот за водни спортови. Олимпискиот факел два месеци патуваше низ Франција, а во петок наутро ќе помине и низ Олимпиското село кое се наоѓа меѓу Сен Дени и соседниот Сен Оуен.

„Да славиме, да ги направиме овие игри незаборавни, да оставиме на најдобрите да им блесне златото“, изјави 52-годишниот музичар кој американскиот канал NBC го ангажираше како еден од коментаторите на Олимписките игри во Париз.

„Пораснав гледајќи ги Олимпијадата и многу сум возбуден што ќе ги видам овие неверојатни спортисти како го покажуваат најдоброто во Париз“, рече раперот во изјава за NBC.

Неговите социјални мрежи покажуваат дека тој е особено голем љубител на кошарката и американскиот фудбал.

„Ќе имаме некои луди настани и, се разбира, ќе го донесам тој стил на Снуп во комбинација: тоа ќе бидат најепските игри“, изјави тој за веб-страницата на NBC.

реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Останати спортови

Усик откри со кого сака да му биде следната борба

Read more

Биг Дез избркан од Бакс: Тврдел дека се обидува да ослаби, а се здебелил 18 кг

Read more

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Read more

Нов скандал со обложување и местење борби го тресе UFC

Read more
 

Спорт

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе